Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Слоу Фуд Македонија во соработка со Тиквешки семејни винарии на саем во Италија
Се презентираат вината на Ерос, Захарчев, Попови, Наумчеви, Јаковлевски, Пешков и Камник.
Започна и првиот меѓународен саем на Slow wine кој се одржува моментално во Болоња – Италија.
Целта на саемот е да претстави добро, чисто, и правично вино произведено од мали семејни винарии.
Помеѓу семејните винарии од светот се претставуваат 7 винарии од Македонија кои се и дел од првиот Slow Wine водич од Македонија.
Слоу Фуд Македонија во соработка со Тиквешки семејни винарии на овој саем ќе ги презентираат вината на Ерос, Захарчев, Попови, Наумчеви, Јаковлевски, Пешков и Камник.
Вината од овие винарии ќе бидат претставени и дегустирани од експерти од цел свет кои се присутни на овој саем.