Словенечките работодавци бараат работна сила во Македонија
Анкетата за невработеноста од 4,1 отсто ја рангира Словенија на високото шесто место на европската ранг-листа.
И покрај неизвесноста на пазарот на труд во Словенија и заладувањето на германската економија, оваа година сепак беше поволна за барателите на работа. Со исклучок на енергетски интензивните компании, кои праќаат работници на чекање, сè уште има побарувачка за персонал во другите индустрии.
Работодавците ги бараат во странство, сè почесто во Северна Македонија, пренесува бизнис порталот СЕЕбиз.
Меморандумот за вработување меѓу двете земји е потпишан, се очекува само потпишување на договорот, јавува новинарката на Радио Словенија, Уршка Ваљавец.
Анализата на Службата за вработување за 2023 година покажува умерено намалување на невработеноста. Анкетата за невработеноста од 4,1 отсто ја рангира Словенија на високото шесто место на европската ранг-листа. Како што објасни директорот на агенцијата за вработување Метка Барбо Шкербинц, пред Словенија се на пример, Малта и Полска со 2,5 односно 2,8 отсто невработеност, додека Шпанија е на „опашката“ со 11 отсто невработеност.https://nezavisen.mk/