вестиМакедонијаТоп вести

Словенечки искуства за рурален развој во Македонија

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија Н.Е. Милан Предан.

Република Словенија е исклучително важен партнер на нашата земја која има обезбедено значајна поддршка за апроксимација на законодавството со ЕУ, во областа на земјоделството и руралниот развој и за јакнење на административниот капацитет на МЗШВ, Платежната агенција, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и локалните власти.

На средбата со амбасадорот се дискутираше за приоритетните области за поддршка што ќе бидат дел од новиот Акциски план 2021 – 2024 година, во чии рамки Словенија ќе обезбеди билатерална помош на нашата земја, во земјоделството со посебен акцент на руралниот развој каде Словенија има големо искуство и знаење.

Слични написи

Back to top button
Close