fbpx
Вести

Млекото во Македонија е безбедно за пиење

download (1)

Употребата на антибиотици во производство на месо и млеко во Република Македонија е регулирано со национални законски прописи кои се порестриктивни во споредба со европските со кои се усогласени, што претставува гаранција плус за поголема безбедност на домашното производство на овие производи

Ниту во една испитана мостра не е утврдено присуство на забранетиот антибиотик хлорамфеникол во млекото кое се произведува во земјава, посочуваат од АХВ.

По веста која ја пласираа босанските медиуми дека антибиотик хлорамфеникол е пронајден во млеко во два примерока на подрачјето на општина Горни Вакуф, што пак може да предизвика нарушувања и рак на коскената срж, од Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија информираат дека присуство на оваа супстанција не е утврдено во ниту една испитана мостра во млекото кое се произведува во земјава, а ниту во тоа што се увезува.

Употребата на антибиотици во производство на месо и млеко во Република Македонија е регулирано со национални законски прописи кои се порестриктивни во споредба со европските со кои се усогласени, што претставува гаранција плус за поголема безбедност на домашното производство на овие производи. Со законските прописи уредено е правилното и одговорно користење на ветеринарно медицинските препарати, вклучително и антибиотиците, а употребата на антибиотикот хлорамфеникол во сточарското производство е строго забранета.

Од 2002 година, Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува Националната мониторинг програма за контрола на резидуи од ветеринарно – медицински препарати и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло и досега, ниту во една испитана мостра не е утврдено присуство на забранетиот антибиотик хлорамфеникол во млекото кое се произведува во земјава. Резидуи од хлорамфеникол не се најдени ниту во месото, јајцата и медот, производи кај кои исто така се испитува евентуално присуство на овој забранет антибиотик во сточарското производство. Недоследности не се утврдени ниту со официјалните контроли кои ги спроведуваат инспекциските служби, ниту со редовните официјални контроли кои се вршат при увоз, вклучително и на млеко и млечни производи, посочуваат од АХВ.

Оттаму појаснуваат дека покрај официјалните контроли и спроведувањето на мониторинг програмите, самите оператори со храна во рамки на HACCP плановите редовно вршат контрола на безбедноста на производите од животинско потекло и на млекото, вклучително и контроли со кои се детектира присуство на резидуи од антибиотици.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close