вестиТоп вести

Бесплатни технички проекти за откупни центри

Овоштарите и градинарите можат да добијат бесплатно техничка документација за модерен откупно-дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук. Центрите заедно со инфраструктурата ќе бидат со површина од минимум 6.500 квадратни метри.

besplatni tehnichki proekti za otkupni centri

 

Откупниот центар ќе може да се надградува и приспособува во зависност од потребите на земјоделците или нивните задруги.

Основниот проект предвидува објект со големина од 1.000 квадратни метри со две комори за ладење на 147 тони овошје или зеленчук. Во него се проектирани и линии за калибрирање, пакување, амбалажа и електронска вага.

Во плановите пристапот, комуналиите, стујата и сите инфраструктурни елементи се според современите стандарди.

Техничкиот проект е бесплатен за сите кои се заинтересирани да инвестираат во ваков објект.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close