
Службеничката кој беше дел од корупцијата за пари од ИПАРД доби 10 месеци затвор
Ова е случајот каде обвинет за примање мито е и Илија Стоилев, поранешен директор на Агенцијата за финансиска поддршка. Стоилов беше фатен со 50.000 евра мито.
Службеничката Јасмина Костадинова, која беше обвинета за корупција со средства од ИПАРД програмата од ЕУ, наменети за земјоделците, доби затворска казна од 10 месеци. Во казната ѝ се пресметува и мерката куќен притвор од ноември лани, што значи дека во затвор треба да биде само три месеци. Бидејќи мерката куќен притвор ќе ѝ биде продолжена до правосилност на пресудата веројатно дека Костадинова воопшто нема да отиде во затвор.
За ова дело пропишаната казна е од една до 10 години затвор. Пресудата ја доби за „примање награда за противзаконито влијание“.
Првообвинет за давање поткуп во овој случај е Џевдет Насуфи, ексминистер и директор на фирмата „Сигнас-Арго“. Покрај него, обвинет за примање мито е и Илија Стоилев, поранешен директор на Агенцијата за финансиска поддршка. Стоилов беше фатен со 50.000 евра мито.




