Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
ЈП Стрежево со реконструкција на главен цевковод во атарот на село Логоварди
На потегот од делница 26 до делница 29, во атарот на село Логоварди, се изведуваат работи за реконструкција на постојниот челичен цевковод. Се поставуваат нови цевки од дуктилно леано железо, со пречник од 600 милиметри.
Реконструкција на главен цевковод 5C6 (G2R2)
ЈП „Стрежево“ – Битола известува дека продолжува со активности за реконструкција и модернизација на постојната водостопанска инфраструктура.
На потегот од делница 26 до делница 29, во атарот на село Логоварди, се изведуваат работи за реконструкција на постојниот челичен цевковод. Се поставуваат нови цевки од дуктилно леано железо, со пречник од 600 милиметри.
Со реализацијата на овие активности се придонесува за подобрување на функционалноста, сигурноста и долготрајноста на цевководната мрежа, како и за намалување на загубите на вода.
ЈП „Стрежево“ – Битола продолжува со посветено и одговорно работење во насока на одржување и унапредување на хидросистемот.





