fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Снегот е добредојден за пченицата, а овошките се безбедни од мрзнење

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека најавените температури под нулата за неделава и следната недела нема да нанесат штети ниту кај овошките ниту кај поледелските култури.

Зимата годинава, барем засега, е со натпросечно високи температури но, доколку се случи промена на времето преку ноќ, тоа може да биде штетно за земјоделските култури во јужните и југоисточните земјоделски региони, каде поради невообичаено топлото време одредени култури порано влегле во процесот на развој. Со природата ништо не е сигурно, но засега од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека најавените температури под нулата за неделава и следната недела нема да нанесат штети ниту кај овошките ниту кај поледелските култури.

Од УХМР велат дека не би требало да има оштетувања кај овошнит насади затоа што заспаните папки можат да издржат температури и до минус 20 степени Целзиусови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close