ЕК даде зелено светло, се раѓа светски џин

(Oвој напис е објавен на: March 28, 2017)

Европската комисија даде дозвола за спојување на американските хемиски компании Дау и Дипон, со што ќе се создаде џин вреден 130 милијарди долари на берзите.

Дозволата е условена со намалување на големиот дел на активноста на Дипон во областа на пестициди и неговото одделение за истражување и развој, се наведува во соопштението на регулаторното тело за заштита на конкуренцијата на ЕУ.

Ова спојување е дел од укрупнувањето во хемискиот сектор, каде е планирано спојување на кинеската КемЧајна и швајцарката Синженте, како и германскиот Бајер и американскиот Монсанто.

Европската комисија на 12 април треба да ја донесе одлуката за спојување на КемЧајна и Синженте, додека Комисијата уште не е официјално известена за спојувањето на Бајер и Монсанто.


 

фактор.мк

 

Share Button