Снегот ги штити посевите
Снегот ги заштитува есенските посеви и обезбедува влага во почвата. Агрометеоролозите велат дека е сѐ уште рано да се утврдуваат евентуалните штети кај овошките и лозјата настанати поради ниските поларни температури.
Минималните температури на воздухот ја одржуваат непроменета снежната покривка во поголемиот дел од земјава, што е одлично за есенските посеви и за нивната заштита.
Малку поумерените температури на воздухот во овој период овозможуваат и нормални услови за презимување и кај посевите и кај многугодишните овошки и винова лоза.
Во наредниот период очекуваните температури на воздухот со вредности до -10 целзиусови степени нема да ја променат ваквата состојба.
Евентуалните штети од измрзнувања е можно да се утврдат по целосното стабилизирање на времето и на почетокот на вегетацијата.
Со пролетното кроење на овошките и на виновата лоза е можно и оптстранување на дел од штетите на стеблата настанати од измрзнување.