fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Жителите на Шупли Камен останaа без леб зашто на пекарите не им се исплати да го носат во селото, објави Левица

Лица со посебни потреби, стари и изнемоштени, пензионери и работници кои својот работен век го посветиле на земјоделието и производство на храна, од кумановското село Шупли Камен, веќе трета недела оставени се без леб, затоа што приватните пекари немале сметка да го носат во селото по намалување на цената на лебот , тврдат од партијата Левица, огранок Куманово.

Во селото нема прехранбена продавница, па така единствениот начин на кој им е доставуван основниот прехранбен продукт, биле пекарите кои го носеле лебот три пати во неделата со комбе. По мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на приватните пекари не им се исплаќало да го доставуваат лебот, па така одлучиле да престанат со испорака, по што жителите се оставени без леб. Ваквиот третман на овие луѓе, како од централната, така и од локалната власт, е суров, под секое човечко достоинство и за најстрога осуда“, велат од партијата.

Тие бараат централната власт и градоначалникот на Куманово да најдат решение за проблемот. Истовремено ги повикаа  жителите од селата кои се соочуваат истиот проблем да пријават,  па ако проблемот да не биде решен активистите од огранокот ќе отпочнат со доставување на леб, додека да се најде решение.

https://www.kumanovonews.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close