Со анализа на  сировини до квалитетен и здрав производ

(Oвој напис е објавен на: June 20, 2019)

Производството на храна  и нејзиното дистрибуирање до потрошувачите можеби е еден од најкомплексните процеси, затоа што патот од суровината до готовиот производ и крајниот потрошувач е долг и потребно е да се запазат одредени стандарди кои ги налага законската регулатива. Стандардите за безбедност на храна се ригорозни. Безбеден производ може да се добие само со квалитетна и здрава сировина. Лабораторијата  „Проанализ“ Струмица во рамки на своите активности врши најразлични анализи не само на сировина туку и на готови производи. Целта е производителите што ги нудат производите да бидат сигурни дека производите наменети за потрошувачите се безбедни и здрави.

Млекара „Николови“  од Свети Николе располага со широка палета на производи за чиј квалитет може да потврдат анализите што ги прави тимот на Проанализ Струмица.

Квалитетот на суровото млеко што ќе се користи во производството за млеко за пиење и млечни производи е од огромно значење. Како и во повеќето земји, бројот на соматски клетки е меѓу критериуми за квалитет во нашата земја. Истражувањата покажаа дека приносот на млеко се намалува кога бројот на соматски клетки е висок, обработливоста на млекото во производството на производот (сирење, јогурт, ајран и сл.) се намалува, губењето на приносот во производството на сирење поради намалувањето на казеинскиот однос и сензорни загуби во квалитетот на пастеризираните млеко добиени од таквото млеко неговиот живот е скратен.

Во своето долгогодишно постоење Млекара  „Николови“ го освои домашниот пазар токму со квалитетните и безбедни производи за потрошувачите.

-Веќе година и пол соработуваме со Проанализ Струмица. Таму вршиме микробиолошки  и хемиски анализи како на млекото така и на водата и готовите производи. Задоволни сме од квалитетот и брзината на добивање на резултатите од анализата, што е многу битен елемент за нашата работа, вели сопственикот Мартин Николов. Преработуваме 10т млеко на дневна основа во повеќе видови бели сирења, кашкавали како и течна програма од јогурт и кисело млеко. Сакаме да сме сигурни дека нашите производи се безбедни за консумирање. Станавме препознатливи на пазарот така што безбедноста на производите е на прво место, додава Мартин Николов.

Лабораторијата  функционира  по меѓународни прифатени стандардни методи со користење на најновите и современи уреди управувани од страна на нашите аналитичари за анализа на соматските клетки во млекото, уверуваат од Проанализ.

Аналитичарите  за соматски клетки кои работат со компјутерскиот систем ја имаат технологијата и брзината за задоволување на потребите на клиентите. Анализите  за соматски клетки во млекото се акредитирани од страна на Македонската агенција за акредитација ИАРМ.

 

П.Јовановска

 

Share Button