fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Претпладне сончево, а попладне дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во пладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста со изолирана појава на краткотраен локален дожд. Минималната температура ќе биде од 4 степени, а максималната до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време, со температури од 9 до 23 степени.

И наредните денови претпладе ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Слични написи

Back to top button
Close