Со антикорупцискиот План Владата ветува спречување на корупција на актуелната власт, но и откривање и демонтирање на инсталациите на претходната
Ред, правда и дисциплина, е насловот и пораката од Планот за борба против корупција кој Владата го најави со Акцијата 21 за воведување на европските стандарди во нашата држава.
Ред, правда и дисциплина, е насловот и пораката од Планот за борба против корупција кој Владата го најави со Акцијата 21 за воведување на европските стандарди во нашата држава. Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за борба против корупција Љупчо Николовски, најавија поставување функционален систем за институциите кои стојат во првите борбени редови против корупцијата.
Планот, според Заев, е производ на политичката волја, со кој Владата ќе се избори за искоренување на корупцијата и дека за тоа се воспоставени механизми за соработка меѓу сите институции. Премиерот на прес-конференцијата во Владата на која го презентираа планот, повика да се охрабрат и граѓаните и медиумите да зборуваат јавно и гласно во борбата против корупцијата. Посочи дека Планот има за цел да спречува корупција на актуелната власт, но и да ги открива и демонтира коруптивните инсталации на режимското владеење пред нив.
-Овие инсталации се продрени до најситните пори на институциите. Тие го попречуваат функционирањето на системот, вклучувајќи го и правосудството. Тогашното режимско владеење на сегашната опозиција го трошеше парите на народот за да се богатат тие и партијата. Тие ја одгледуваат корупцијата, ја всадија и толерираа насекаде, за да им биде простено за нивните злодела. Епа, не им е простено, оти тоа не го правеле од незнаење или несвесно, туку смислено, намерно, злонамерно, нагласи Заев.
Според него дојдено е времето во целост да се демонтираат режимските остатоци кои го скапуваат системот, а да се воздигнат службите кои чесно им служат на граѓаните.https://nezavisen.mk/so-antikorupciskiot-plan-vladata-vetuva-sprechuvanje-na-korupcija-na-aktuelnata-vlast-no-i-otkrivanje-i-demontiranje-na-instalaciite-na-prethodnata/