вести

Co автохтони раси до квалитетно сточарство

Годишното собрание на фармерите-одгледувачи на автохтоната раса говеда буша во Кавадарци покажа дека се зголемува интересот кај сточарите за оваа раса говеда, особено откако во 2014 година почнаа да се доделуваат субвенции. Моментално во Македонија се регистрирани 42 одгледувалишта на говеда буша со над 700 грла, а радува податокот дека има 150 барања од страна на фармерите за процена на нивните говеда, открива професорот Ѓоко Буневски од Факултетот за земјоделски науки и храна, кој е координатор за биодиверзитет и биолошка разновидност во сточарството.

so avtohtoni rasi do kvalitetno stocharstvo

 

– За да биде некој фармер член на ова здружение, треба да има најмалку пет грла од расата буша. Ние доаѓаме на терен, во согласност со стандардите проценуваме дали е тоа расата буша и ги запишуваме во здружението, кое е единствена призната асоцијација со седиште на Факултетот за земјоделски науки и храна. Понатаму правиме фенотипска стандардизација и гем-банка за оваа раса. Затоа многу ни е важно што на ова годишно собрание има многу фармери, со цел да ги утврдиме понатамошните активности на здружението, да ја одредиме членарината и да утврдиме како да ја унапредиме и да ја зачуваме расата буша вели Буневски.

Здружението на одгледувачи на расата буша постои од 2011 година.

– Говедото буша претставува наше национално богатство и наша обврска е да го заштитиме и да создадеме гем-банка објаснува Буневски.

За таа цел, покрај живата стока, се прави и гем-банка во влакно, во крв и во семе од бикови за потребите на македонското Министерство за земјоделство.

– Значаен е и податокот што на ниво на земјите од Југоисточна Европа сите земји испратија крв од избрани говеда буша во референтна лабораторија во Минхен, Германија, од каде што се потврди дека македонската буша и албанската се во најчистите популации на кусорожни говеда. Оваа вест сега треба да се публикува во светски списанија вели Буневски.

Тој вели дека оваа раса е поотпорна и поадаптибилна на овие простори.

Останува препораката да се свртиме кон автохтоните раси и домашните растителни сорти на култури, а државата од друга страна треба да ја компензира разликата на профитот од одгледување благородни раси и расата буша преку програмата за годишно субвенционирање на фармерите, порачува Буневски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close