fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Со имиња и презимиња објавени луѓе и фирми кои должат за данок на УЈП

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2023 за долгови доспеани до 31.07.2023

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2023 за долгови доспеани до 31.07.2023 и неплатени до 31.10.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата е достапна со клик тука.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и ан
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close