Трипуновски-Со мелничарите и откупувачите на јачмен и пченица разговаравме за решение за откупната цена
Решение за откупната цена која што ќе биде во корист и на производителите, но и на откупувачите, изјавил Трипуновски.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски одржал средба со млинарите и откупувачите на јачмен и пченица, на која се разговарало за откупната цена на јачменот и пченицата, но и во која насока ќе се движи откупот на житните култури, соопшти МЗШВ.
– На самиот почеток на откупот на јачменот и пченицата остварив состанок со производителите и со откупувачите на јачмен и пченица се со цел изнаоѓање на прифатливо решение за откупната цена која што ќе биде во корист и на производителите, но и на откупувачите, изјавил Трипуновски.
Министерот информирал дека веќе во понеделник е закажана уште една средба, на која дополнително ќе се разгледаат можностите за изнаоѓање на идеално решение за за годинешниот откуп на јачмен и пченица.
– Потребно е овие средби да се одржат многу порано, но за жал тие не се оствариле, затоа од следната година сите проекции и решенија ќе се дискутираат многу порано и ќе имаме јасно утврдени откупни цени пред почетокот на откупот, а не работите да се решаваат во последен момент. Мојот фокус останува на македонските земјоделци и грижата за нив, за тие да го добијат тоа што го заслужуваат, истакнал Трипуновски.