fbpx
Вести

Со пари од Швајцарија се санира речното корито на Струмица

Со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка, почна санацијата на најкритичните точки каде се излеваше реката Струмица и предизвикуваше поплави. Станува збор за проектот за интегрирано управување на сливот на реката Струмица насловен како „Вода за сите“ кој го реализира УНДП во кој се вклучени 6 општини каде поминува оваа река.

so pari od shvajcarija se sanira rechnoto korito na strumica

 

Целиот проект тежи околу 3 милиони швајцарски франци кој би требало да ги намали ризиците од поплави и суши во териториите каде поминува реката Струмица. Проектот за интегрирано управување со сливот на река Струмица од која вода за пиење и наводнување се обезбедуваат околу 25 000 жители од неколку општини од Југоистокот на државата, ќе се имплементира во наредните шест години.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close