Доматите со цените едвај достапни за граѓаните во месец март

Supermarket Shopper

Во првото тромесечие од годината е забележано зголемување на цените на зеленчукот. Во  месец март,период кога раниот зеленчук е веќе достапен од домашното производство цените на доматот, пиперката и пролетната зелка пораснале за околу 30 % за разлика од истиот период лани.

Според државната статистика во првите три месеци од оваа година граѓаните потрошиле 1, 2 отсто повеќе за храна, за своето здравје, но и за свој мерак во кафани, ресторани и хотели. Исто така анализите покажале за разлика до минатата година во првото тромесечие од оваа економска година граѓаните на Северна Македонија потрошиле денар плус и за покуќнина. Исто така, статистиката покажала и зголемување на цените на мало за овој период од 0.5 проценти.

Според прогнозата на Народната банка за оваа 2019 година се очекува просечната стапка на инфлација ќе се движи околу 1,8%, а слична прогноза за стапка на инфлацијата од околу 2 % објави и Меѓународниот монетарен фонд.


 

faktor

Share Button