Со растот на цените на храната ќе се справуваме откако ќе се реши политичката криза
Политичката криза во земјава ги остави на цедило граѓаните.
Политичката криза во земјава ги остави на цедило граѓаните. Прво се чекаше да завршат изборите, а сега да се консолидира владата. Граѓаните и месецов ќе почекаат за мерки за ублажување на ценовните шокови. Иако цените по рафтовите во маркетите секојдневно растат, некои рушат рекорди, сепак сега ќе се чека да заврши кризата па дури потоа ќе се носат мерки.
Уште пред изборите се најавуваше дека не се исклучува можноста од замрзнување на цените на основните прехрамбени продукти и вклучување на стоковите резерви. Од владата велат ќе има мерки откако ќе се консолидираат, но не откриваат какви.
А од Министерството за економија ни одговорија дека ја следат состојбата како ќе се движат цените во ноември. Ако се забрза растот ќе проценат што ќе преземат.
СПОРЕД ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТСТИКА ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2021, РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО Е ЗАБЕЛЕЖАН КАЈ МАСЛОТО ОД 2,3%, ЛЕБОТ И ЖИТАТА 1,8%, МЕСОТО 1,7%, МЛЕКОТО 0,7%, СИРЕЊЕТО И УРДАТА 0,5% И ДРУГИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ 1,2%. ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ ЈА СЛЕДИМЕ СОСТОЈБАТА СО РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ, ЗА ШТО ДОКОЛКУ ЗНАЧИТЕЛНО СЕ ЗАБРЗА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ПРОЦЕНИ ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ НА СЛЕДНИ ЧЕКОРИ, СООПШТУВААТ ОД ЕКОНОМИЈА.https://telma.com.mk/2021/11/12/