Starbucks отвара секој ден по една продавница во Кина

starbaks

Хауард Шулц, извршниот директор на познатиот бренд за кафе Starbucks открива дека неговата компанија секој ден отвора по една продавница во Кина.

 

Тој смета дека нивниот бизнис во Кина до крајот на годината кога ќе бидат остварени предвидените цели за раст ќе вреди повеќе од бизнисот кој го имаат во САД каде започна нивната авантура како иновативна компанија специјализирана само за продажба на кафе пијалоци.

Starbucks има вкупно 18.000 продавници низ целиот свет и неделжно услужува неверојатни 100 милиони муштерии. Според прогнозите на Шулц, Starbucks и натаму е компанија во развој која допрва ќе воведува нови иновативни понуди и ќе се спои со електронската трговија за дополнителни приходи.


 

вечер