Со ребалансот исплата на 10.200 одгледувачи на говеда во износ од околу 340 милиони денари
Кон 3.200 одгледувачи на овци ќе бидат исплатени околу 770 милиони денари
Со ребалансот ќе бидат исплатени околу 10.200 одгледувачи на говеда во износ од околу 340 милиони денари, а се исплаќаат и околу 420 милиони денари за предадено млеко во преработувачки капацитети, како мотивирачка мерка за зголемено производство на млеко. МЗШВ ги расчистува и сите заостанати долгови кон одгледувачите на говеда.
„Нема веќе доцнење со исплатата на субвенциите за произведено млеко, а за првпат субвенциите ќе бидат исплатени и во предвидените рокови од Програмата. Дополнително, преку Интервентниот фонд, ќе се исплати и една фаза од оваа година. Ако, на пример, во 2017 година министерството должеше само кон млекопроизводителите цели 9 фази субвенции, со предложениот ребаланс на Буџетот за 2022 година не само што се исплаќаат тековните субвенции, туку целосно се решаваат и заостанатите долгови кон сточарите“, посочуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
По усвојувањето на Ребалансот, а во текот на 2022 година, кон 3.200 одгледувачи на овци ќе бидат исплатени околу 770 милиони денари, за 1.800 одгледувачи на кози ќе се исплатат околу 66 милиони денари средства преку кој овој сектор се развива. Исплата на субвенции е предвидена и за 1.100 одгледувачи на свињи во висина од околу 200 милиони денари. Кај секторот живинарство се предвидени околу 70 милиони денари директна поддршка за бројлери и заклани несилки.