fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Со руско-украинската криза се зголемуваат и цените на пченицата

Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Ограничувањето на маржата, во услови на високи цени на берзите и енергетска криза,  е добра мерка и требаше да се донесе многу порано. Таа нема да дозволи дивеење на цените, но по 1 март, кога ќе се одмрзнат цените, мора да има нивна корекција, изјави за „Слободен печат“  Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија.

– Никакви ограничувања не се пазарни и не се популарни мерки. И помала маржа значи помал данок на добивка. Но во моментов,  ограничувањето на маржите е најсоодветно, од една страна да се заштитат производителите, а од друга страна потрошувачите. Но секако, нагорна корекција на цените мора да има, а колку зависи од калкулациите на самите комапнии. Тие не можат да произведуваат и да продаваат по цени што ќе им носта загуби.  Сите влезни цени се зголемени. И она ценовно стабилизирање што го имаше, на пример со пченицата, сега со руско-украинската криза, се дестабилизира и еве од вчера до денес цените се зголемени. Да не зборуваме за цените на гасот и на струјата кои не се смируваат – вели Малишиќ.https://www.slobodenpecat.mk/malishikj-cenite-nema-da-diveat-no-mora-da-se-koregiraat/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close