fbpx
Вино

Со што да ги мезите црвените вина

Доколу пиете одговорно и умерено,  до две чаши, црвеното вино на ден за мажите и по една за жените, може дури да Ве лекува. Тоа содржи висока концентрација на ресвератрол, кој влијае врз должината на животот и го намалува ризикот од дијабетис и срцеви заболувања.

Доброто вино оди и со убаво мезе. Виното и комбинациите со храна, сепак се индивидуален избор, бидејќи секој има различен вкус. Сепак, црвените вина одат повеќе со потешка храна: говедско месо, сирење, тестенини.

so shto da gi mezite crvenite vina

 

Од „foodpanda“ објаснуваат со какви јадења е соодветно да се комбинираат различни сорти вино.

1. Мерло оди со печено пилешко или патка. Соодветно е да се конзумира со даска од сирења или со паста, која е прелеана со сос од сирење и кашкавал.

2. Каберне Совињон е густо вино, кое може да се комбинира со обилни јадења како печено јагнешко и говедско месо. Соодветно е за сите видови на паста, се служи со црвени сосови. Ова вино е единственото што оди со црно чоколадо или производи од темно чоколадо.

3. Пино Ноар идеално оди со печена мисирка и печено јагне. Добро се комбинираи со крем, лесни меки сирења, овесни тортиљи.

photo_verybig_368620

4. Портвајн е слатко вино, кое се комбинираат само со јаки сирења или со чоколадни производи.

5. Сира е густо вино што одговара особено добро со рифови на скара и печени зеленчуци.

6. Италијанските црвени вина како Сан Џовезе, мезете ги со богати месни сосови за шпагети или пробајте со пица пеперони. Црвените вина не се консумираат со овошје.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close