вестиВино

Винското грозје ќе се откупува по лански цени

Лозарите и винарите се договорија околу цената на винското грозје. Остануваат ланските цени, или 11 денари за смедеревка и 13 денари за кратошија.

vinskoto grozje kje se otkupuva po lanski ceni

 

Ова синоќа на прес-конференција во Неготино го соопштија претставници на Министерството, лозарите и винарите, но и на локалната власт, во присуство на лозари и винари.

Заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, појасни  дека е договорено и да се направат измени на Законот за вино.

– Да се врати старото решение за отплата на рок од шест месеци. Но, во закон ќе биде внесено 20 проценти од грозјето да биде платено по откупот и тоа до 15 декември. Доколку не се почитува тој договор, за винарите ќе има казна од десет проценти. Следната исплата е предвидена да биде до 15 февруари и тоа 40 проценти од вредноста на количината на откупено грозје. Последната рата да биде до крајот на април кога треба да бидат исплатени уште 40 проценти од грозјето, рече Костадиновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close