fbpx
ВестиВиноМакедонијаТоп вести

Важна информација за лозаропроизводителите

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – ПЕ Битола ивестуваат  дека системот за поднесување на Барања за подмерка 1.10-а Дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје од сортите Смедеревка, Вранец, Кратошија, Станушина, Бургундец Црн, Жилавка и Кадарка во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија е ставен во функција.
Со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на полето „Директни плаќања-е барање“ ќе може да се поднесува електронското барање за предадено грозје. На сите вас кои им е потребна помош при пријавувањето обратете се во подрачната единица на МЗШВ во Битола
Рокот за поднесување е до 25 декември 2020 година.

Слични написи

Back to top button
Close