
Вино
Вино против камен во жолчката
Една чаша вино или пиво во текот на денот значајно ќе ја намали можноста за добивање на камен во жолчката. Секако дека и претходно знаевме дека умерена количина на алкохол помага во превенцијата на многу болести, но ова е првпат и преку студија да се утврди влијанието на алкохолот врз жолчката.
Испитувањето било направено на преку 25.000 испитаници во период од 10 години, при што 266 од нив добиле камен во жолчката. Сознанијата ќе им помогнат на матичните лекари во првите фази на лекување на пациентите. За останатите кои се здрави, топло им препорачуваме да се напијат чашка или две вино за да го спречат болниот процес на создавање на каменот.