fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаРурален туризамРурална ЖенаТоп вести

Со средства од ИПАРД -Фризерски и козметички салони во руралните средини

Во ИПАРД програмите освен за земјоделство има пари и за други сектори. Може да се финансира и занаетчиство. Во Виница веќе има отворено салон за убавина кој успешно работи, а во Илинден во скопско има фабрика за производство на женски хулахопки- вели Бачовски.

Фризерски и козметички салони, салони за убавина, но и занаетчиски дејности како грнчарство, изработка на филигрански накит, се само дел од бизнисите кои можат да се отвараат со европски пари. Единствен услов е истите да се наоѓаат во рурална средина. Од друга страна пак иако до сега се искористени над 100 милионио евра од ИПАРД, никој не пројавил интерес за отпадни води, за набавка на цистерни, но и за благосостојба на животни. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој Никица Бачовски во интерју за Утриснки печат на Слободна ТВ потврди дека веќе во помалите рурални средини има отворено салони за убавина кои успешно работат.

-Во ИПАРД програмите освен за земјоделство има пари и за други сектори. Може да се финансира и занаетчиство. Во Виница веќе има отворено салон за убавина кој успешно работи, а во Илинден во скопско има фабрика за производство на женски хулахопки- вели Бачовски.

Според него младите се се повеќе заинтересирани за европските пари и се повеќе апликанти за ИПАРД се од страна на млади земјоделци.

– Напуштањето на младите на сектор земјоделство е глобална појава со која може да се борите само ако имате цврста финансиска поддршка која ќе ја препознаат младите. Сега се поедностави многу работата, има многу сегменти за аплицирање и исплатата се прави во рок од шесет месеци од денот на поднесување на барање за исплата. Се исплаќа најмногу за 6 месеци- вели Бачовски.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close