fbpx
ВестиТоп вести

Вкупно 1.164 барања со сума од 33 милиони евра за ИПАРД 2 програмата

До Платежната агенција поднесени се 1.164 барања за сума од 33 милиони евра од последниот повик за добивање на средства од ИПАРД 2 програмата за рурален развој од мерките 1 и 3. Рокот заврши пред две недели и сите мерки ќе се исплатат во време кога корисниците имаат најмногу потреба од овие субвенции, а целта е подобрување на генетскиот потенцијал што ќе влијае врз зголемување на продуктивноста на сточарското производство.

– За мерката еден „Инестиции во материјални средства за земјоделски стопанства“ пристигнати се 1.099 барања за добивање на финанскиска поддршка од 17,1 милион евра, а од мерката три „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибини производи“ пристигнати се 65 барања со вкупна побарана финансиска поддршка од 15,9 милиони евра. Од претходниот повик од ИПАРД 2 програмата склучени се 953 договори со побарана сума од 22,4 милиони евра. Реализирани се барањата за 667 повратни средства, а висината на средства кои треба да се вратат е 6,6 милиони евра. Од овие барања исплатени се 158 инвестиции кои биле реализирани во овој период и износот на вратени средства кај инвеститорите е два милиони евра, посочи директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) Николче Бабоски на денешната на прес-коференција.

Тој објасни дека за мерката директни плаќања за обележување на грла на овци се исплатени 2.768 корисници со 507 милиони денари.

– На 2.053 одгледувачи на кози исплативме 59 милиони денари, за 13.024 одгледувачи на обележани грла на говеда исплативме 344,5 милиони денари и на 60 одгледувачи на несилки исплативме 71,7 милиони денари. Во рок од десет дена на земјоделците, лозарите и сточарите вративме 25 милиони евра. Пред почетокот на производствената сезона ги исплативме субвенциите за лозарите. Вчера и денеска се исплатија околу 16 милиони евра за 17.905 сточари за мерките за обележени грла на овци, кози, говеда и одгледувачи на несилки, појасни Бабоски.

Државниот секретар во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Нефрус Челику истакна дека на 28-ми овој месец истекува рокот за јавниот повик за набавка на приплоден добиток за последниот квартал од 2018 година.

– Ги повикувам сточарите да го запазат овој рок со цел Платежната агенција да ги обработи барањата за да може навремено да се изврши исплатата. Во новата програма за рурален развој оваа година токму за оваа мерка вкупната финансиска поддршка ја зголемивме од 14 милиони денари на 90 милиони денари. Дополнително, по барање на фармерите ги променивме и критериумите за ова мерка со што државата покрива 50 отсто од трошоците за набавка на приплоден добиток, посочи Челику.


 

brif

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close