fbpx
ВестиВиноМакедонијаТоп вести

Со вината   на „Риго Импекс“  се сладат германските потрошувачи

 „Риго Импекс“ - Гевгелија е една од   винарските визби во Македонија која преку имплементирање на современи методи се стреми да ги достигне високите стандарди на светскиот пазар за вино и да понуди квалитетен производ. Винаријата е ориентирана на извоз на наливно вино и во моментот капацитетот го искористува со дел од сопственото производство надополнет со откуп на грозје од други лозари. Во визијата на менаџерскиот тим стои искористување на капацитетот на винаријата од сопствено производство на грозје и нова линија на флаширано вино.

Во време кога Ковид пандемијата има влијание скоро во сите пори од секојдневниот живот па и економијата,   винарската визба  „Риго Импекс“ од Гевгелија  се обидува своето работење да го усогласи на своите потреби и да извади квалитетен производ кој ќе се носи со конкуренцијата на светскиот пазар.

Капацитетот на „Риго Импекс“ покрај винарската визба во Гевгелија која има капацитет од  15 милиони литри вино, поседува и винарска визба во Валандово со 3 милиони литри капацитет. Ориентирана е кон извоз  на  наливно вино и тоа најмногу во Германија. Настојува да ги зголеми своите површини со лозови насади  за да ги достигне  високите критериуми кои се налагаат на пазарите за вино, а кои без сопствено грозје или 50% од сопствено грозје тешко е да се постигнат.

Во екот на бербата на винското грозје кога лозаропроизводителите се жалат на ниски цени на грозјето, менаџерскиот тим се обидува да ги следи светските трендови, но и онака како што налагаат домашните закони редовно да ги исплатува лозарите од кои откупува грозје за своите потреби за производство на вино.

– Во оваа ситуација  не се погодени само лозарите. Цените ги диктира самиот пазар. Бидејќи ние извезуваме наливно вино кое се флашира во западно европските земји, нашата цена многу зависи од тој пазар таму. Таа релација што ја имаме со тие земји ја имаме и со лозарите овде и со формални меѓусебни договори треба да постигнеме цена што на сите ќе им одговара. Кога ќе стигне нашето вино на тие пазари, цената зависи  од тие маркети  таму и од откупувачите. Зависи од тоа   каква е ситуацијата горе, со колкави залихи  на ниво на Европа или светот се соочува винскиот сектор, тоа носи не до договарање, туку донесување еден вид одлуки за тоа  каква ќе биде цената на виното  па оттаму како ќе заврши  цената на грозјето овде. Секоја година различни се движењата, се зависи од пазарот како ќе ги тргува, па така и ние ги формираме цените, вели Гоце Јовевски вработен енолог во  „Риго Импекс“ Гевгелија. Кај нас цените се како што беа договорени меѓу винариите , МЗШВ и лозарите, 11ден за вранец со 9 ден за смедеревка и таа мерка државата ја надополни и ги направи цените како што се меѓу винариите од западно европските земји и лозарите. Плаќањето на грозјето од откуп се извршува редовно и без никакви проблеми. Од изградбата на винаријата во 2000 година до денес исплатата на нашите комитенти  за откупеното грозје се врши веднаш, за  3-4 дена по завршување административната процедура, а  во документите стои седум дена, додава тој.

    

 

Развојот на лозарството зависи од примена на современа механизација и методи за производство

Во моментот оваа винарската визба располага со 120 хектари родни  лозови насади. Како што велат оттаму  рентабилна производна цена на грозје тешко се постигнува на мали површини. Токму затоа  во план се од 2021 да започнат со подигнување на нови 120ха  со што во иднина ќе може да ги задоволат  потребите од грозје од сопствено производство и со помали трошоци, со што ќе може да бидат конкурентни на странските пазари.

 

    

– Во моментот ги имаме сортите вранец, смедеревка, жилавка, мускант – хамбург и  мускант- темјаника а плановите за новите  120 ха насади  се нови вински сорти. Веќе сме комплетно поминати на машинско одгледување на лозовите насади  со  комбајнски берби. Моментално се вработени 80 луѓе така што активирањето на дополнителна работна рака за одредени операции во производството е сведено на минимум. Нашите планови се  концепциски да се добие што поевтин и рентабилен  производ  со примена на современа  механизација, посочува Јовевски.  Битен фактор е изборот на механизацијата и нејзиниот квалитет, кога ќе се пушти во работа да биде функционална за она што е наменета. Имаме во Македонија такви компании што имаат комплетна палета за производство  од почеток до крај, конкретно за  винова лоза. Најсериозна фирма во продажба и логистика е „Синпекс“ Битола која има  доста добра палета  на земјоделска механизација и опрема од светски  брендови. Пример ако го калкулираме еден трактор со  максималната експлоатација за25 ха, и да инвестираме во таков трактор, одржување на еден таков трактор и неговата исплата при користење  на 2-3 или 5 декари  ќе ги донесе  трошоците  комплетно во други правци отколку негова примена на површината за која е проектиран. Изборот на саден материјал е исто така од многу големо  значење, и треба да се стави акцент на примена  на квалитетни безвирусни садници кои што  се произведени по  комплетни системи на одгледување со што од секоја лоза се добива квалитетно грозје, а не да се добие само квантитет, објаснува Јовевски.

Оваа сезона, на ниво на регион, Јовевски ја оценува како тешка бидејќи временските прилики создаваа  можности за развој на многу болести и   беше тешко големите приноси да ги задржат квалитативните вредности на грозјето. Зреењето и постигнувањето на потребната шеќерност на родот беше успорена од една страна заради временските состојби , а од друга страна заради големите приноси. Следењето на условите на терен и соодветното интервенирање беше пресудно. Вели дека нивниот тим до сега успешно се справувал со сите предизвици и се надева на добри резултати.

     

Идните планови со концепт на нова линија флаширано вино

За сега сите активности на винарската визба се насочени кон извоз на наливно вино, но во идните планови на компанијата е да имаат и сопствена линија на флаширано вино што ќе се продава на странските пазари.

-Се размислува и во такви правци. За  сега уште не е дојден моментот да влеземе на тоа поле. Се надевам со сопствените насади што ни се планирани, каде ќе има и поинтересен асортиман, па и квалитативни вредности кои ќе бидат контролирани од нашиот тим, ќе се допринесе, за тоа, нашиот производ да  излезе во флаширана амбалажа и  да  добие друга категорија на вино, изјави за Зелена берза Гоце Јовевски.

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close