Со законот против нефер трговски практики ќе има фер плаќања за земјоделците
Во Директивата од ЕУ врз чија основа се прави законот се предвидени рокови за плаќање при откуп на земјоделски производи и договори при откуп на грозје.
Во Директивата од ЕУ врз чија основа се прави законот се предвидени рокови за плаќање при откуп на земјоделски производи и договори при откуп на грозје.
Со законот против нефер трговски практики, што го најави министерот за економија Крешник Бектеши, земјоделците може да очекуваат да се регулира рокот на плаќање, така што тој за расиплива стока да не може да биде подолг од 30 дена по предавањето на производите, потоа да не може купувачот еднострано да ги менува договорите за купување земјоделски призводи или да не може во некој неразумен рок да откаже договор за расиплива храна.
Ова се одредби од Директивата на ЕУ 2019/633 врз чија основа треба да се регулира прашањето за нефер трговски практики.
„Задоцнетите плаќања за земјоделски и прехранбени производи, вклучително и задоцнетите плаќања за лесно расипливи производи, и краткорочното откажување на нарачките на лесно расипливи производи, негативно влијаат врз економската исплатливост на добавувачот, без да се обезбедат неутрализирање. Затоа, таквите практики треба да бидат забранети. Во тој контекст, соодветно е да се обезбеди дефиниција за расипливи земјоделски и прехранбени производи за целите на оваа Директива“, пишува во европскиот документ.
Директивата на ЕУ ги предвидува и роковите на плаќање и за земјоделските производи што не се расипливи и како за останата храна.https://www.slobodenpecat.mk/so-zakonot-protiv-nefer-trgovski-praktiki-kje-ima-fer-plakjanja-za-zemjodelcite/