Со заштитни мрежи против климатските промени

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)
Штетите од климатските промени последниве години се големи, а земјоделците и понатаму не применуваат соодветни агротехнички мерки за заштита од студ, град, поројни дождови и високи температури. Ова е констатацијата  на учесниците на  првата национална конференција за климатските промени во Струмица во организација на Федерацијата на фармери.
klimatskiPromeni-544x320
Примената на заштитните мрежи во моментов дава најдобри резултати, беа одлучни учесниците. Според Петар Георгиески од мрежата за рурален развој ова инвестиција е скапа но на долг рок исплатлива.
Учесниците на првата национална конференција за климатските промени финансирана од шведската амбасада упатија апел до фармерите да ги користат средствата за таа намена од националната ИПАРД програма.
Share Button