Фармерите ја поддржуваат одлуката за легализација на објектите

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделците, Ефтим Шаклев во името на сите сточари изрази големо задоволство од долуката на Владата за легализација на фармите, притоа додавајќи дека ваквата одлука ќе придонесе за развојот на сточарството во Македонија.

farmeri-640x365-640x360

-Со оваа одлука за легализација на фармите се решава еден крупен проблем во сточарството и ова ќе придонесе во развој на сточарството во Македонија. Од сега па натаму ќе има позитивна пресвртница за развој на сточарството, изјави Шаклев.

Тој во името на сите фармери се заблагодари на министерството за Земјоделство, како и на Владата за како што рече за нивното ангажирање и разбирање кое го имаат кон земјоделците.

timthumb

-Во името на 42 илјади фарми кои можат да го легализираат својот објект, изразуваме голема благодарност за своето посебно ангажирање на министерството за Земјоделство, особено на министерот, Михаил Цветков на заменикот-министер, Ванчо Костадиновски, за своето посебно ангажирање исто и на Владата, која со својата одлука, со разбирањето кое го има за земјоделците, со сите досегашни прописи кои ги донесува, која има посебно разбирање за нашите барања и потреби и нивните одлуки одат во правец на развивање на едно модерно, современо, профитабилно земјоделство. Нашите производи морат да бидат конкурентни на Европските производи. Со оваа одлука, ние сега може да имаме имотни листови на нашите фарми, со што нашите фарми ќе добијат финансиска вредност. Со оваа финансиска вредност ќе може да ги користиме сите извори на финансии во Република Македонија, ќе може да ги користиме средствата за поддршка на земјоделството од ИПАРД програмата, ќе може да ги користеме средствата од Македонската банка за развој и подршка која има со три отсто камата и едноставно ова е иднина на македонското сточарство. Ќе може да ги реновираме нашите фарми, да ги модернизираме, со што ќе го зголемиме и производството и квалитетот и квантитетот и затоа ова одлука е од животно значење за сточарството во Македонија, заклучува Шаклев.