fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Собраниската комисија итно да ги усвои измените во законот за земјоделско земјиште

Николовски: Не се закажува седницата за измените на законот за земјоделско земјиште

Министерот Љупчо Николовски,  од пред Собранието  уште еднаш го повика претседателот на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, итно да закаже седница на комисијата за да се разгледаат и усвојат предложените измени на законот за земјоделско земјоделско земјиште.

„Повеќе од еден месец претседателот на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски ги блокира измените во законот за земјоделско земјиште. Измени во законот предложени по скратена постапка уште на 19 февруари, а со кој предвидуваме можност земјоделците што имаат истечен договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, да можат непречено да го користат, се до склучување на нов договор и за истото да остваруваат право на субвенции во перидоот на изборниот процес“, изјави министерот Николовски.

Преку овие измени се овозможува, на тие закупци правото на користење на земјиштето, во овој период, во единствениот регистар на земјоделски стопанства да им биде запишано по службена должност на МЗШВ, без барање и трошоци за земјоделците за елаборати и административни такси.

„Нагласувам дека предложените измени се системски, бидејќи пополнуваат една огромна правна празнина, која сега и во иднина ќе ги засега сите закупци, односно преку 10.000 закупци. Со законот пред се предлагаме користењето на државното земјиште, од истекот на договорот за закуп, до склучувањето на нов договор за закуп, да биде законски регулирано и за користење на тоа земјиште во тој период закупците да можат да ги остваруваат сите права, кои им следуваат по основ на таквите договори“, изјави министерот Николовски.

Ова пред се е важно, бидејќи почнувајќи од овие првични 172 договори, кои истекуваат во периодот, декември 2023 – март 2024 година, во следните месеци додека траат изборните процеси истекуваат нови стотина договори, кој ќе се соочат со истиот проблем за користење на земјиштето предмет на договор за закуп, кој истекол се до склучување на нов договор.

Министерот Николовски нагласи дека секторите на министерството секојдневно работат во подготовка на соодветните информации и одлуки, кои претходат на склучувањето на новите договори. Потенцирајќи дека досега се изготвени потребните Одлуки за сите договори, кои истекле заклучно со денешниот ден.

„Повторно нагласувам од неопходноста да се донесе предложената измена во законот за земјоделско земјиште. Со цел на земјоделците да им биде загарантирано правото за користење на земјиштето во овој период, до склучување на нов договор за закуп и на субвенции за истото. Можност која сега претседателот на собраниската комисија за земјоделство, Љупчо Димовски ја блокира, на штета на земјоделците“, изјави министерот Николовски.

Дополнително министерот Николовски додаде, дека неопходноста да се донесе предложената измена во законот за земјоделско земјиште, е пред се, и за земјоделците на кои договорот ќе им истече во следните 2 до 3 месеци, а за кои согласно постоечкото законско решение, објективно поради сложеноста на постапката, нема да можат навремено да бидат продолжени договорите за закуп. Како би можеле земјоделците непречено да го кориостат земјиштето и да оставарат право на субвенции.

Согласно постојното законското решение, кое е наследено од претходната власт, продолжувањето на договорите, може да се случи дури по истекот на договорите за закуп, во една доста сложена постапка. Каде се бара и донесување на решенија за престанување на договорите за закуп, нивна правосилност, па бришење на правата од катастар, одземање на владението, па претходна одлука за согласност на Владата, позитивно мислење од државното правобранителство, нови геодетски елаборати, воведување во владение, повторно запишување на правата во катастар и во ЕРЗС.

Две недели поминаа откако министерот Николовски и земјоделците од светиниколско, преку петиција побараа од претседателот на собраниската комисија за земјоделство, Љупчо Димовски, веднаш да биде закажана седница на комисијата и овој закон да биде разгледан и усвоен.

Наместо собраниската комисија да работи во интерес на земјоделците, нејзиниот претседател Љупчо Димовски свесно оди против земјоделците. Блокирањето на овие законски измени е директно на штета по земјоделците. На вредни земјоделци што мачно работеле и прозиведуваат македонска храна. Вредни земјоделци, кои редовно до сега плаќале закуп на државата за земјоделското земјиште, некој свесно сака да ги остави без заслужените субвенции и без земјиште.

„Лагите паднаа. Земјоделците ја знаат вистината и го знаат решението. Решението е подготвено и чека усвојување од Собранието. Токму од тука, од пред Собранието уште еднаш го повикувам претседателот на собраниската комисија за земјоделство Љупчо Димовски, да закаже седница на комисијата за земјоделство и најитно ова предложено законско решение да биде разгледано и усвоено од Собранието“, изјави министерот Николовски.  

Одговорноста за недонесувањето на овој закон, а со тоа оставање на земјоделците без земјиште и субвенции има точно име и презиме, а тоа е претседателот на собраниската комисија за земјоделство Љупчо Димовски и пратениците од опозицијата, кој го блокираат овој закон, правејќи дирекнта штета на повеќе од 200 земјоделски семејства.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close