fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Социјалистичката партија тврди-Се трујат корисниците на тутун

МЗШВ и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство не постапуваат по закон.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека свесно и со знаење на Министреството за земјоделство се трујат корисниците на тутун, со што се постапува спротивно на политиките на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена органицација во која и нашата држава е член од 2006 година.

Социјалистичката партија на Македонија претходно објави дека Правилникот за видот на штетните материи, како и начинот и методите за земање на примероци за утврдување на штетните материи и другите загадувачки контаминенти (физички, хемиски, и биолшки) во обработениот тутун и производите од тутун е ставен вон сила уште од 14 фебруари 2024 година, укинат со Одлука на Уставниот суд, а до денес не е донесен нов или 15 дена МЗШВ и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство не постапуваат по закон.

Отворено прашуваме, кој врши контрола на присуство на кадмиум, жива, арсен, хром, олово, никел предвидени со поблизок пропис, но и резидиуми од активни супстанции?

Молкот на Николовски како непосреден виновник зборува многу.

Одговорност за овој, како и за низата други злоупотреби во секторот за земјоделство, набрзо ќе има.

Социјалистичка партија на Македонија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close