Сојуз на одгледувачи на овци задоволни од исплатата на субвенциите во овој период на годината
Како Сојуз на одгледувачи на овци, официјален претставник и застапник на правата и интересите на одгледувачите на овци од државава, денешниов ден претставува вистинска гордост за нас, со оглед на повеќегодишните заложби уверувања и аргументирани апели за исплата на директните плаќања за овчарство во овој дел од годината.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Исплата на субвенциите за овчарство во месец март. Како Сојуз
на одгледувачи на овци, официјален претставник и застапник на
правата и интересите на одгледувачите на овци од државава,
денешниов ден претставува вистинска гордост за нас, со оглед на
повеќегодишните заложби уверувања и аргументирани апели за
исплата на директните плаќања за овчарство во овој дел од годината.
Имајки предвид за изминативе кризни години, неизвесностите,
доцнењето и оправданиот револтот кај одгледувачите – во секој
момент имавме разбирање и за другата страна односно надлежните
институции кои сепак изнаоѓаа начин да ги реализираат и покрај
големите проблеми со кои се соочуваа.
Со таа цел би сакале да ја пофалам работата и партнерскиот
однос од страна на МЗШВ, АФПРЗ и останатите надлежни институции
со кои соработуваме во интерес на зачувувањето и развојот на
сточарството во државава. Особена благодарност до споменатите
институции за пружената доверба која резултира со поволна клима за
развој на овчарството во државава.
Воедно би сакал да изразам надеж за уште поголема соработка
во иднина, зошто само со заеднички заложби би можеле во ова време
да го зачуваме и унапредиме сточарството како една од најзначајните
гранки за прехрана на населението.
Никола Ѓеоргиев
Претседател при СОО„ МОДЕРЕН ОВЧАР