fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Патот Каменица – Делчево затворен до вторник поради големата дупка што се отвори

Патниот правец е затворен и сообраќајот се пренасочува преку алтернативниот патен правец Делчево – Берово – Смојмирово – Виница.

Екипи на ЈП Македонија пат работат на санација на оштетувањето на коловозот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево (А3) настанато од обилните врнежи кои деновиве го зафатија Делчево и регионот.
Патниот правец е затворен и сообраќајот се пренасочува преку алтернативниот патен правец Делчево – Берово – Смојмирово – Виница.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
По завршување на санацијата, магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево (А3) ќе биде пуштен во употреба во вторник.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close