fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од утре почнува исплатата на боледувањата и породилните отсуства

Ова значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година.

Исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации ќе почне од утре, откако Фондот за здравствено осигурување ги стави во функција сите модули, информираат од ФЗОРСМ. Од Фондот велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и в среда.

„Ова значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата“,
нагласуваат од Фондот.

Фондот за здравство до крајот на денот очекува целосно да профункционираат сите системи.Системот за евиденција на болничките услуги, исто така, е во тек на враќање во функција и од ФЗОРСМ велат дека јавноста навремено ќе биде известена кога и тој целосно ќе биде за употреба.

Системот на Фондот за здравство се врати во функција по хакерскиот напад од 6 февруари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close