fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сончево и топло време, максималната температура до 34 степени

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20, а максималната од 29 до 34 степени Целсиусови.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20, а максималната од 29 до 34 степени Целсиусови. УВ-индексот ќе изнесува осум. Од пладневните часови претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме.

Како што информира УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Во Скопската котлина времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Утре ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има појава на повремен пороен дожд проследен со појава на грмежи. Во петок краткотрајно ќе биде сончево и стабилно, а температурата ќе започне да се покачува. За време на викендот повторно ќе биде нестабилно во попладневниот дел од денот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close