Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.
УХМР информира дека во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.