fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево многу студено и ветровито

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер.

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните и североисточните планински региони ќе има појава на локален снег. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Во недела сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот особено на североистокот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег.

Можно е да е слика од мапа и текст кој вели „Kp. паланка скопје времето утре 23.01 2022. град тмин. тмакс. Ckonje -8 тетово -11 маврово 15 охрид -11 битола 14 прилеп 11 кр.паланка -11 св. николе -8 штип 9 берово -13 д.капија 7 струмица 8 евгелија -3 тетово CB. николе 0 8 -3 2 -1 4 1 1 -4 2 1 3 маврово берово штип × д. Kanuja струмица охрид прилеп битола гевгелија“

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста и провејување на слаб снег, утре на северот, а во понеделник во западните планински делови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close