fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Мирчески-Засучете ги ракавите да изнајдете заедничко задоволително решение за тутунарите и откупувачите

Циркус со откупот на тутунот во режија на Сојузот на земјоделци

Почитувани тутунопроизводители:

Неможејќи повеќе немо да гледаме како се уништува една од најважните гранки во Македонија од која егзистираат огромен број земјоделци и од каде се полни голем дел од буџетот, чесно е да ја знаете вистината за оваа циркузијада која што се случува со откупот на тутунот.

Имено релевантните институции пред се Министерството за земјоделство, наместо цела енергија да ја вложат во изнаоѓање на начин и средства за покачување на цените на тутунот со кој би биле задоволни тутунарите, тие во нивната безидејност и немањето на знаење прибегнаа кон изготвување на овој циркус кој се реализира преку г.Менде Стомнароски, циркус составен од неколку фази.

-Првата фаза од овој циркус започна пред неколку денови кога г.Стомнароски бомбастично најави дека доколку нема поткачување на цените на тутунот во понеделник тој нема да поставува повереници на вагите. Причината за оваа изјава не беше да се врати довербата на тутунарите кон Сојузот на Менде(тие никогаш не ни ја имаа) и да се прикажи како нивни заштитник, туку да се претстави Сојузот во оваа фаза како фактор кој во следните фази ќе послужи како крпа за бришење на министерот за земјоделие.

-Втората фаза од овој циркус започна по состанокот во понеделникот на кој состанок му се даде на Менде Стомнароски  време до 1-ви декември со откупувачите да ги испеглаат цените демек во интерес на тутунарите. А вистината за оваа фаза е следна:откупувачите се согласни да има некое мало покачување на цените, но далеку под она што го очекуваат тутунарите и кое покачување можеше да се договори и на самиот состанок, но тогаш револтот на тутунарите ќе беше насочен кон министерот, па за да се избегне тоа се премина кон префрлање на топката кон Менде Стомнароски како би бил заштитен министерот во очи на престојните избори се со цел да се освои некој глас од тутунопроизводителите, каде доколку не се задоволни тутунарите со покачувањето што би требало да следи од околу 10 до 20 % министерот во таа ситуација би изјавил:што се договори сојузот со откупувачите тоа е,ние немаме никаква врска а од друга страна ако се задоволни тутунарите тогаш заслугите ќе си ги препише самиот министер.

Затоа за нештата да бидат појасни поставуваме неколку прашања на кои бараме јавни одговори :

1.Зошто Менде Стомнароски чекаше до последен момент за да стапи на сцена во интерес на тутунарите пропуштајќи ја цела година за договори и преговори со откупувачите?

2.Ако ланската година премиерот и министерот „успеаја“ да ја поткренат цената на тутунот зошто годинава главен за тоа е Менде?

3.Дали со пролонгирањето на овогодинешниот откуп намерно се исцрпуваат како финансиски така и морално македонските тутунари, а се со цел да нема протести од ниската откупна цена?

И за крај Министре, барем на крајот од вашиот мандат сфатете дека тутунарите и сите земјоделци се целосно оформени и образовани личности кои лесно препознаваат манипулации и затоа ве молиме, доста со дворски игри и засучете ги ракавите да изнајдете заедничко задоволително решение за тутунарите и откупувачите. А вие почитувани откупувачи добро размислете за наредните години: сакате тутун-платете, не сакате тутун-неплаќајте!

Поедноставно здравје. Со почит

Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close