fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево со мала умерена облачност

Во следните денови според УХМР времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен претежно јужен ветер, а повремено засилен долж Повардарието.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачности и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, исто така сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови според УХМР времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен претежно јужен ветер, а повремено засилен долж Повардарието. Температурите најпрвин ќе бидат нешто пониски, потоа благо ќе се покачат кон следниот викенд. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close