Во Франција путер нема ни за лек

puter

Во Франција путер нема ни за лек. Празни рафтови, голема побарувачка, нервозни производители на пецива.

Ова е сликата од француските супермаркети додека според медиумите, земјата ја живее најголемата криза на недостаток на путер од Втората светска војна.. Главна причина за ова се должи на падот на производството на млеко, откако француските фармери поради ниската откупна цена престанаа да го продаваат, а во повеќе наврати го истураа и на улица.

Според француските медиуми, цената на путерот, ако воопшто се најде во малопродажба чини седум евра, односно двојно повеќе од претходно.. Најзасегнати се пекарите, кои без путер не можат да произведат ништо, вклучително и традиционалните француски кроасани.


 

канал 5

Share Button