Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Сообраќајот непречено, по влажни коловози
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, пак, е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2022 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, пак, е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.