fbpx
ВестиМакедонијаОгласник

СООПШТЕНИЕ – Објавен тендер за градежни работи за земјоделска инфраструктура во консолидационо подрачје Егри

На тендерот можат да учествуваат сите градежни компании регистрирани во Северна Македонија, кои поседуваат Б Лиценца за градежни работи издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија.

Проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство при Обединети нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави јавен тендер (Референтен број: 2021/CSAPC/REUTD/109117) за извршување на услуги за ‘’изградба на канали за одводнување, проширување на постојниот систем за наводнување и изградба на тампонирани патишта во село Егри, општина Битола“.

Активностите што ќе треба да се спроведат во рамки на тендерот вклучуваат градежни работи поврзани со земјоделската инфраструктура во консолидационото подрачје Егри, поконкретно: изградба на тампонирани патишта, изградба на нови канали за одводнување и изградба, т.е. адаптација на постојниот систем за наводнување со локално проширување во рамки на консолидационото подрачје.

На тендерот можат да учествуваат сите градежни компании регистрирани во Северна Македонија, кои поседуваат Б Лиценца за градежни работи издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија.

Со цел да имаат пристап до тендерските документи и да можат да поднесат понуда, заинтересираните компании треба прво да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар – United Nations Global Marketplace portal (УНГМUNGM) на линкот: www.ungm.org/Vendor/Registration.

 Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е 20 април (вторник) 2021 година, до 12:30 часот.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close