вести

СООПШТЕНИЕ: Објавен повик за учество на тендер за изработка на Физибилити студии за консолидација на земјоделското земјиште

(Oвој напис е објавен на: ноември 19, 2018)

Скопје, 17ноември, 2018

Објавен повик за учество на тендер за изработка на Физибилити студии

за консолидација на земјоделското земјиште

 

Во рамки на проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е Повик за учество на тендер за консултантски услуги за изработка на физибилити студии во седум (7) избрани области за консолидација на земјиште во земјата, и тоа:  Стојаково во Општина Богданци; Трн и Жабени во Општина Битола; Лешани во Општина Дебарца; Чешиново и Чифлик во Општина Чешиново-Облешево и Моноспитово во Општина Струмица.Физибилити студиите, како прва фаза од постапките за консолидација на земјоделско земјиште,треба да покажат дали консолидацијата на земјиште е изводлива во секое од идентификуваните потенцијални области низ државата.

 

Сите овластени геодетски компании од Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи се поканети да земат учество на тендерот (Референтен број: 2018/CSAPC/REUDD/100696). Компаниите ќе можат да пристапат до тендерската документација по претходно регистрирање на порталот на Обединети Нации за тендери –United Nations Global Marketplace portal.На линкот за регистрирање:https://www.ungm.org/Account/Registrationгеодетските компании е потребно да ги следат соодветните чекори и да ги пополнат бараните податоци за фирмата. Регистрираните компанииќе можат да пристапат до тендерската документација на следниот линк: https://www.ungm.org/Account/Account/Login.

 

Рокот за аплицирање на тендерот есреда, 5 декември, 2018 година до 12:00 часот.Крајниот рок за поставување на технички прашања, согласно насоките во тендерската документација, е среда, 28 ноември, 2018 година.

 

Главната цел на физибилити студиите е да се направи детална проценка на моменталната состојба на терен, да се потврди подготвеноста на земјоделците и сопствениците на земјиште да се вклучат во процесот, да се идентификуваат индивидуалните потреби, да се провери дали се задоволени сите предуслови за успешна имплементација на консолидацијата на земјиште, во секоја од избраните области.  Врз основа на анализата на ситуацијата, студиите ќе обезбедат препораки за најдобар пристап за консолидација на земјиштето во секоја од областите, а исто така ќе ги идентификуваат и приоретизираат потребните инвестиции во земјоделска инфраструктура согласно потребите во секоја заедница.

Во врска со проектот:

Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување наНационална Програма за Консолидација на Земјиште”  – или MAINLAND – го спроведува Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020година. Буџетот на проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО (61,2 илјади евра).Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

Повеќе информации за проектот: http://www.fao.org/in-action/mainstreaming-national-land-consolidation-programme/mk/

 

 

За повеќе информации во врска со ова соопштение за медиуми контактирајте со:

Радмила Славкова, Национален Експерт за Комуникации (ФАО)

тел: +389 (0)7121 23 08

E-mail: [email protected]

 

 

 

 

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close