вести

Соопштение од АХВ

Во пресрет на новогодишните празници, а со цел спречување на евентуална продажба на небезбедна храна на граѓаните во услови на  зголемена продажба и потрошувачка, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат засилени контроли во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна на македонскиот пазар. Од почетокот на годинава досега извршени се вкупно 55.820 контроли кај операторите со храна.Како небезбедни, поради поминат рок на употреба, микробиолошка неисправност, неправилно означување и декларирање, поништени или вратени се вкупно 237.774 килограми небезбедна храна.

За констатираните недоследности со контролите (нехигиена во објектите, неправилно означување на храната, несоодветни услови на чување и складирање на храната, неводење евиденција за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, за неизвршени здравствени прегледи за бацилоносителство, како и за констатирани отстапки од декларираниот состав на храната), од страна на инспекциските служби донесени се 1.776 решенија за отстранување на недостатоците, одржани се исто толку едукации за операторите, а поднесени се и 41 прекршочна и 1 кривична пријава.

Како одговорна институција, апелираме до граѓаните во пресрет на новогодишните празници,храна да купуваат храна ододобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да внимаваат на означувањето на производите како и на тоа каде тие се чуваат.Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, или на електронската пошта info@fva.gov.mk.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close