fbpx
Вести

Сопственици на имотните листови во Пелагонија, се најстарите членови од домаќинствата

Пелагонија е најголемата житница во Македонија.  Од вкупната земјоделска  обработлива површина  во Македонија  најголемиот дел е сконцентриран во Пелагонија. Само минатата година  овде се произведоа 53 421 тон пченица.

sopstvenici na imotnite listovi vo pelagonija se najstarite chlenovi od domakjinstvata

 

За жал и покрај големите напори уште е мал е бројот на млади земјоделци во Пелагонија. Податоците на статистика  бележат дека населението овде старее така што земјата во пелагониско  останува на старците.

Секако примената на  современа земјоделска  механизација  и добра земјоделска практика се основите на кои може да се потпрат производителите. Но дека земјата е на старци не е нешто ново.

Имотните листови на земјоделските површини уште се водат на име на најстарите членови во домаќинствата и често правилата што ги диктира традицијата  им прават проблеми на младите земјоделци. Несредените имотно правни односи се најголемиот проблем не само кај земјоделците туку и на државата, затоа што не може до крај да се применат оние мерки што би довеле до поголемо производство.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close