fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сопственик на маркет од село Лажани поставен за директор на државната фирма што купува и продава струја за ЕСМ

ЕСМ го назначила Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба, преку која државното електростопанство увезува и извезува струја, објави Фактор.мк

АД ЕСМ на крајот од минатиот месец го назначил Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба, која купува увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја.

Според она што го има „Фактор“ како информација, станува збор за жител на Лажани од Општина Долнени и, споредпретходно објавени медиумски написи, се работи за сопственик на локален маркет.

Функцијата управител ќе ја врши на определено време од 12 месеци во периодот од 1 септември до 31 август следната година. Инаку ЕСМ Продажба за помалку од една година промени тројца директори.

Поранешниот советник на екс-премиерот Зоран Заев, Александар Обрадовиќ, по шест месеци беше отповикан на почетокот на годинава. Потоа на поранешно ЕЛЕМ Трејд за директор беше назначен Синиша Ивановски.

„Фактор“ изминатиот четврток испрати прашања дали новоназначениот директор доаѓа од редовите на АД ЕСМ или од комерцијалниот сектор и дали според својата биографија ги задоволува професионалните критериуми да ја извршува таа функција, но одговор досега не добивме.

ЕСМ Продажба во изминатите денови е критикувана од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за продажба на ноќни вишоци на електрична енергија на привилигирани трговци по цени кои се пониски од берзанските.

За време на грејната сезона се очекува поголема активност од ЕСМ Продажба во купувањето на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Владата со одлука веќе одобри 50 милиони евра за авансни плаќања во енергетската криза, а дел од овие пари се предвидени и за купување на увозна струја.https://www.faktor.mk/trgovec-od-maloprodazba-naznachen-da-kupuva-i-prodava-struja-za-esm

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close